Еурофарм Пелистер оди по прва победа во Лигата на Европа, квотата во Sport Life за триумф е одлична

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва од 20.45 часот го играат вториот натпревар во групната фаза во Лигата на Европа против португалскиот тим Агуаш Санташ.

Битолчани во првото коло загубија на домашен терен од Архус со 27:30 и вечерва на гостински терен ќе се обидат да дојдат до првиот триумф во второто по квалитет европско натпреварување.

„По поразот од Архус во првото коло немавме многу време за подготовки, но знаеме каков противник ни следува. Ја анализиравме играта на противникот и колку што можевме се подготвивме за овој дуел. Агуаш Санташ е опасен и агресивен тим кој игра агресивна одбрана, па затоа мораме да бидеме трпеливи во нападот. Во овој натпревар влегуваме со ладна глава, и тие го загубија првиот натпревар и мотивацијата ќе биде иста на двете страни. Но, верувам дека ние ќе бидеме тие кои што ќе ги слават првите бодови“, вели пикерот на Е. Пелистер, Жарко Пешевски.

И обложувалниците му даваат предност на тимот на Еурофарм Пелистер, во Sport Life квотата за победа на битолчани изнесува 1.75.

- Оглас -

Најнови вести