Лаутаро ја прошири листата со невидени утки во ЛШ, незадоволниот Павард го казни Интер (Видео)

Европскиот фудбалски блокбастер меѓу Баерн и Интер заврши со предност од 1:0 на Баварците, а во првото полувреме вистински трагичар е напаѓачот на гостите Лаутаро Мартинес.

Во 27-мата минута Аргентинецот промаши чист гол, и тоа празен само од два метра, па среќа за него е што овој меч не одлучува ништо бидејќи се знае дека Баерн сигурно е прв во Ц групата, а Интер втор.

Martinez miss vs Bayern 27". from soccer

Како сол на раната за големата утка, Лаутаро успеа да се лизне во 32-рата минута, кога Бењамин Павард погоди за 1:0 за Баерн.

https://twitter.com/FootballPrinted/status/1587543417063710720?s=20&t=1Ev6SalR1mymKmhmbNJuVA

Павард е незадоволен во клубот од Минхен и сака да си замине, иако игра одлично и како дефанзивец беше стрелец и против Барса во минатото коло во ЛШ.

По првото полувреме во второто дерби вечерва, Ливерпул и Наполи одиграа без голови по првиот дел, Барселона води со 2:0 во П’лзењ против Викторија, иста предност има и Ајакс на гостувањето во Глазгов кај Ренџерс, Марсеј води со 1:0 против Тотенхем, исто како и Спортинг против Ајнтрахт Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести