Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во Лигата на Европа сезонава откако вечерва го победи португалски Агуаш Санташ со 29:27 на гостински терен.
Мечот почна лошо за битолчани, со негатива од 0:3, а заврши победнички, со триумф од два гола разлика.
Пелистер направи пресврт уште во првото полувреме, водеше со 12:8, а на одмор замина со предност од 15:12.
Единствен проблем за гостите од Македонија беше повредата на Тунижанецот Усама Хосни, кој го повреди палецот на десната нога, но се очекува брзо да биде подготвен да се врати на терен.
Во второто полувреме гостите од Битола имаа максимална предност од 7 гола разлика, и тоа двапати, а на крајот во драматичен финиш сепак ја сочуваа победата.
Данецот Хенеберг со 7 гола беше најефикасен и кај Пелистер и на мечот, а Пешевски постигнат пет погодоци.
Ова е прв триумф во стартните две кола за Пелистер во Д групата во Лигата на Европа, а следен ривал е Фуксе Берлин, тим што ќе гостува во Битола на 22 ноември.