Екипата на Перуџа го освои одбојкарскиот Суперкуп во Италија откако во драматичен меч со 3:2 славеше над Лубе. Освен драмата околу победникот, во третиот сет се случи еден немил момент.
Вилфредо Леон беше во напад и смечуваше, но на доскокот се лизна и падна удирајќи го задниот дел од главата директно во паркетот. Кубанскиот одбојкар остана неподвижен да лежи речиси една минута. Лекарите кои веднаш притрчаа на помош, успеаја да го освестат одбојкарот, кој подоцна успеа да застане на нозе и излезе од теренот, а, за среќа, немаше посериозна повреда, ниту потрес на мозокот.