Мане се враќа на „Енфилд“? Компјутер пресмета дека најверојатен осминафинален пар е Баерн – Ливерпул!

Баерн Минхен со шест победи на шест меча супериорно го освои првото место во „групата на смртта“, а Баварците сега во осминафиналето пак би можеле да имаат тежок ривал, и тоа Ливерпул, кој освои 15 бода, но и со пет победи заврши како второпласиран во својата група.

Компјутерски е пресметано дека шансите да има осминафинале Баерн – Ливерпул се 39,86 проценти. За ниту еден друг потенцијален меч нема толку висок процент. Баерн може да игра само со Ливерпул, ПСЖ, Бриж или Милан. Со Милан шансите се 23,91 отсто, а со ПСЖ или Бриж по 18,11 проценти.

Потенцијани противници на Ливерпул се Баерн, Реал Мадрид и двете португалски екипи. Според пресметката, малку поголеми се шансите Ливерпул да го извлече Реал отколку Порто или Бенфика, но фаворит за ривал на Црвените е клубот кој летоска им го откупи Садио Мане.

- Оглас -

Најнови вести