Алехандро Гарначо со 18 години и 125 дена стана најмладиот странец стрелец за Манчестер јунајтед во европските купови откако вечерва погоди за водство на Црвените ѓаволи од 1-0 на гостувањето кај Реал Сосиедад во Лигата на Европа.
Асистент беше 37-годишниот Кристијано Роналдо, кој исто така во годините кога беше тинејџер и се пробиваше на светска сцена добиваше поддршка од постарите соиграчи во Јунајтед.
Ова е голот на младиот Гарначо:
Монако води со 2:0 против Црвена ѕвезда по првото полувреме од последното коло во групната фаза во Лигата на Европа. Во вториот натпревар од групата Х, Трабзонспор води со 1:0 против Ференцварош и доколку домаќините успеат да ја задржат предноста и во вториот дел, тогаш Црвена ѕвезда ќе го заврши настапот во второто по квалитет европско натпреварување.
Монако поведе уште во петтата минута со голот на Кевин Фоланд, а истиот играч во 27-мата минута зголеми на 2:0.
Турскиот шампион води со 1:0 против Ференцварош благодарение на голот на Бакасетас во седмата минута.
Предност по првото полувреме од натпреварите во Лигата на Европа имаат и Митјиланд и Фрајбург, кои водат со 1:0 против Штурм, односно Карабак.
На останатите два меча, меѓу Феенорд и Лацио, како и меѓу Олимпијакос и Нант нема голови по првиот дел.