Гимнастичарката Кејтлин Охаши од познатиот Универзитет во Лос Анџелес, УКЛА, успеа да се најде во центарот на вниманието на спортската јавност иако нејзиниот спорт и не е претерано популарен.
Американката на натпреварувањето на колеџот доби максимална оценка 10-ка за совршената изведба на вежба на партер. Со својот настап, со движењата таа ги воодушеви сите кои ја гледаа, па на социјалните мрежи настапот е гледан од десетици милиони само за пет дена. Така, оваа 21-годишна девојка преку ноќа стана позната.
Охаши е некогашна олимписка надеж на САД, во 2013 година на американскиот куп ја победи Симон Бајлс, која е четирикратна олимписка шампионка. Повредите заедно со физичката и менталната исцрпеност се причините поради кои таа се повлече од главната сцена, па сега само ужива во гимнастиката, што може да се види на настапот.