Навивачите на Ливерпул го обожуваат менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, кој денеска доби потврда дека ужива почит и од другите жители на истоимениот град.
Германецот денеска ја доби најпрестижната граѓанска награда „Слобода на градот Ливерпул“.
Jürgen Klopp has been officially awarded the Freedom of the City of Liverpool.
Congratulations, boss ❤️ pic.twitter.com/hzQE3Ipmdd
— Liverpool FC (@LFC) November 2, 2022
За работите да бидат уште поубави за Германецот, пред Клоп, единствениот странец кој ја добил оваа награда беше легендарниот борец за правата на афроамериканците во Јужна Африка и подоцна претседател на оваа земја, Нелсон Мандела.
„Само кога ќе ве споменат во иста реченица со Мандела, тоа е неверојатна чест. Да не зборуваме за самата награда. Воодушевен сум и благодарен на сите што мислат дека го заслужувам ова“, изјави Клоп на церемонијата на доделувањето на наградата.
https://twitter.com/i/status/1588099877711613952
Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд седи на клупата на Ливерпул од 2015 година и оттогаш освои седум трофеи со Црвените. Покрај титулата, која навивачите ја чекаа три децении, таа за најдобар во Премиер лигата, Клоп со Ливерпул триумфира и во Лигата на шампионите, Супер купот на УЕФА, како и на Светското клупско првенство, во ФА и Лига купот и во Комјунити шилд.