Тотенхем ќе биде домаќин на Ливерпул во еден од најинтересните мечеви во Премиер лигата за овој викенд. Освен што ја има предноста на домашен терен, Тотенхем има и дури 10 бодови повеќе од Ливерпул, факт кој сигурно никој не го очекуваше сезонава.
Минатата сезона Тотенхем и Ливерпул одиграа два интересни меча кои завршија нерешено, а тренерот на лондончани, Антонио Конте се присети на ремито на „Енфилд роуд“ во мај кога Ливерпул беше во трка за титулата.
„Тој резултат беше клучен за Ливерпул да ја загуби титулата“, вели Конте.
Тотенхем сезонава на свој терен има пет победи и само еден пораз и тоа во последното коло од Њукасл. Ливерпул е очаен на гости и во пет средби нема ниту една победа, со само два освоени бода.