Гарначо: Во Аргентина ги учат децата да го мразат Роналдо, се снаоѓав „на диво“ за да го гледам!

Младиот аргентински фудбалер Алехандро Гарначо, кој сега му е соиграч на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, изјави дека во неговата Аргентина, нема телевизиски преноси од мечевите на кои игра Португалецот.

Ривалството на Лионел Меси и Кристијано Роналдо е причина за ваквиот однос на Аргентинците кон Португалецот.

„Во Аргентина те учат да не го сакаш, би рекол да го мразиш Кристијано Роналдо. Нема преноси од мечевите на кои тој игра, па требаше да си барам стримови на интернет кои се нелегални, за да го гледам“ – изјави Гарначо кој е еден од само десетината фудбалери што биле соиграчи и со Роналдо и со Меси.

- Оглас -

Најнови вести