Женската ракометна репрезентација на Македонија од 18 часот игра со Франција во првото коло на Европското првенство, најавите се дека трибините во „Борис Трајковски“ ќе бидат исполнети, и тоа ќе биде посебен момент за ракометарките кои првпат ќе уживаат во таков момент.
„Можам само да замислам како ќе биде. Мислам дека ќе заплачам кога ќе слушнам како публиката е погласна од разгласот додека ја пее химната на Македонија. Одвај чекам, уште сега се ежам“ – вели Симона Маџовска, која е една од најискусните во составот на селекторот Љубомир Савевски.
Македонија цела деценија нема играно на ЕП за жени, ова е голем момент за девојките кои заслужуваат голема поддршка.