Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на последниот годинешен турнир од Мастерс серијата 1000 што се игра во Париз откако во три сета со 6:2,3:6,7:6 го совлада Стефанос Циципас.
Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Норвежанецот Холгер Руне кој со 6:4,6:2 го победи Феликс Оже-Алиасим во првото полуфинале.
Првиот сет, му припадна на Ѓоковиќ откако два пати успеа да го одзеде сервисот на Циципас. Новак успеа да ја искористи првата брејк топка за да направи брејк и тоа во шестиот гем по што поведе со 4:2. Брејкот го потврди со сигурен сервис кој го освои со нула, а потоа уште еднаш го одзеде сервисот на противникот и славеше со убедливи 6:2 во гемови за 32 минути игра.
https://twitter.com/i/status/1588957307173449729
Во вториот сет се сменија улогите, Циципас беше поагресивен тенисер и во петтиот гем ја искористи првата брејк топка по што поведе со 2:3, а потоа направи уште еден брејк со кој го однесе мечот во одлучувачкиот трет сет.
Во него и двајцата тенисери го зачуваа својот сервис, единствен кој имаше шанса за брејк беше Ѓоковиќ во третиот и во деветтиот гем, но Циципас ги спаси сите четири брејк топки и мечот го однесе во тај-брејкот.
Во одлучувачкиот гем, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис во првите шест поени, по што Циципас прв прави мини брејк и поведе со 3:4. тоа како да го налути Новак кој веднаш ги освои двата сервиса на Гркот што значеше крај и пласман во финалето.