Последен танц на Пике, сите фудбалери на Барселона излегоа на Камп Ноу со исти дресови во чест на дефанзивецот

Жерар Пике вечерва го игра последниот натпревар во кариерата и тоа во дресот на тимот во кој ја почна професионалната кариера, Барселона.

Сите фудбалери на Барселона, на стадионот „Камп Ноу“ излегоа со исти дресови, со тројката на грбот во чест на Пике кој вчера објави дека заминува во пензија и дуелот со Алмерија ќе му биде последен во кариерата.

При самото излегување на теренот, Пике доби огромен аплауз од навивачите кои го скандираа неговото име.

https://twitter.com/i/status/1588985873453957121

 

Пике е продукт на славната фудбалска академија на Барселона, Ла Масија, од 2004 до 2008 година играше и за Манчестер јунајтед. Потоа се врати во Барселона за која одигра вкупно 615 натпревари во сите конкуренции и постигна 58 гола, а освои вкупно 30 трофеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести