Погба: Бев во сенка, Солскјер ми ја врати насмевката

Манчестер јунајтед го врати стариот сјај откако клупата ја презеде Оле Гунар Солскјер од отпуштениот Жозе Мурињо. Најтрофејниот англиски клуб оствари шест победи во низа во сите натпреварувања, а ги врати надежите во трката за местата кои водат во Лигата на шампиони откако од четвртопласираниот Челзи засега го делат само шест бода.

Својата најдобра форма ја врати и Пол Погба, кој игра брилијатно под водство на норвешкиот стратег. Французинот настапи на пет меча, отсуствуваше од составот само во мечот од ФА купот против Ридинг, додека на останатите пет средби во Премиер лигата запиша четири гола и четири асистенции во својата статистика.

Овојпат индиректно го критикуваше поранешниот предводник на Јунајтед, додека за новиот тренер истакна само пофални зборови.

„Пред доаѓањето на Солскјер, бев во сенка и седев на клупата. Со тоа се помирив, но сега ми е мило што повторно играм и притоа тимот остварува добри резултати. Солскјер ми ја врати насмевката на лицето, сега постојано сум среќен. Човекот си ја знае работата, играл за овој тим и добро знае дека победничкиот менталитет преовладува тука“, истакна Погба.

Во сабота, Јунајтед на домашен терен го пречекува Брајтон во рамките од 23-тото коло во Премиер лигата, а доколку „црвените ѓаволи“ ги освојат трите бода, Солскјер ќе влезе во клупската историја како првиот тренер кој успеал да победи на првите шест средби во англискиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести