Поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски (37 години) постигна вистински еврогол со шут од својата половина и покажа дека класата е вечна.
Подолски голот го постигна во 73-та минута на мечот кој неговиот Горник го доби со 4:1 против Погон.
Тој да зеде топката по добриот потег во одбрана на негов соиграч и забележа дека голманот на Погон, Бартож Клебанијук е далеку од гол линијата, шутна од својата половина и погоди. Обидот на голманот Клебанијук да дојде до топката, го направи голот уште поубав.
https://twitter.com/i/status/1588972413810679808