Барселона со победа го испрати Пике во пензија (Видео)

Соиграчите на најдобар начин го испратија Жерар Пике во пензија, му подарија победа над Алмерија во неговиот последен меч во кариерата.

Во 13-то коло од Ла Лига, Барселона на „Камп Ноу“ со 2:0 ја совлада Алмерија, а Пике со капитенската лента одигра 85 минути по што беше заменет со Кристенсен.

https://twitter.com/i/status/1589011479528775680

 

Тренерот Чави Ернандез се одлучи на овој потег за да може навивачите кои го исполнија „Камп Ноу“до последно место, да му оддадат почит на Пике кој за каталонскиот тим играше од 2008 година, како и од 1997 до 2004 година и притоа освои 30 трофеи со клубот.

Барселона до победата дојде во второто полувреме, откако во првиот дел не успеа со гол да ја круниса доминацијата.

на стартот од второто полувреме, во 48-та минута, Осман Дембеле го отвори резултатот, а победата ја завери Френки де Јонг во 62-та минута.

- Оглас -

Најнови вести