Откако го даде победничкиот гол за Наполи на гостувањето кај Аталанта, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, изјави дека е среќен кога тимот победува, а за играта доби пофалби од тренерот Лучано Спалети.
„Имав тежок период, но тоа е надминато благодарение на довербата која ми ја дава тренерот. Среќен сум што победивме, се надевам дека ќе продолжиме со победите и ќе ги радуваме навивачите. Јас секогаш сум подготвен да помогнам. Објавата со клупата? Тоа беше шега. Не сум некој што сака да прави контроверзи и проблеми, се радувам на победите на тимот. Некогаш играм лошо, но секогаш сум смирен“ – изјави Елмас.
Пофалби за Дијамантот дојдоа и од Спалети.
„Елиф одигра одлично, се покажа како супер замена за Кварацхелија“ – рече Спалети.