Тотенхем дома го победувал Ливерпул во 2012, па во 2017, а сега е 2022

1010 Тотенхем – Ливерпул (17.30 часот)

Овој дуел секако е дерби, иако разликата во бодови е дури 10 во полза на домашните, па според тоа би требало да бидат и фаворити. Двата тима имаат слична гол-разлика, но Тотенхем има двојно повеќе победи. Ова се два тима кои одамна не одиграле нерешено, а и двата тима освоија само по три бода во последните три кола. Тотенхем е без Сон и Ришарлисон, но може да се појави Кулушевски. Кај Црвените, повредени се Жота, Дијаз, Артур, Кеита, Матип. Традицијата ги фаворизира гостите, Тотенхем пред пет години за последен пат славел дома против Ливерпул, а пред тоа во 2012. Сега пак поминаа пет години од последниот триумф.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

3714 Рома – Лацио (18.00 часот)

Во ова градско дерби, никогаш не се знае победникот однапред, решава моментна инспирација и мотиви, па и тука е неблагодано да се прогнозира на конечен тип. Ако има победник, тој тим ќе напредува на табелата. Рома има само еден нерешен исход во досегашните 12 настапи. Лацио е во променлива форма, а има и подобар напад и помалку примени голови од Волчицата. Проблем за Небесно-сините е неиграњето на Имобиле и Милинковиќ-Савиќ. Рома уште од мај нема играно нерешено на „Олимпико“. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели им беа со 3+ голови, а уште од 2017 не победил тој што е официјален гостин.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)

 

1710 Марсеј – Лион (20.45 часот)

После испаѓањето од Европа, Марсеј може да се фокусира на домашното првенство кое малку го запостави и во кое го загуби чекорот со водечките, откако во последните четири кола освои само еден бод. Лион има две победи по ред. Ова се ривали од јужниот дел на Франција, и Марсеј ќе стори сè за да дојде до првата лигашка победа од 30-ти септември наваму. Во минатата сезона Лион двапати го победуваше Марсеј во мечеви со 3+ голови, а сезоната пред тоа, двете пресметки им завршуваа со резултат 1-1.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.08)

 

3715 Јувентус – Интер (20.45 часот)

Дербито на Италија се игра помеѓу лути ривали кои во моментов се на осмо односно шесто место на табелата, што е незадоволително за нив. Интер има само два бода повеќе од Јуве, па ако слави Старата дама, ќе ги прескокне Неро-аѕурите. Интер уште нема нерешен резултат сезонава, а поминаа веќе 12 кола, но и Јуве скоро два месеци не ремизирал. Јувентус е тим кој и дава и прима помалку голови од Интер, двата тима се во победнички ритам.

Предлог тип: & 1-3 (2.55)

 

1309 Бетис – Севилја (21.00 часот)

На градското дерби во Севилја нема да играат легендата Хоакин кај Бетис и суспендираниот Иско кај Севилја. Во минатата сезона, Севилја победи на „Бенито Вилјамарин“ во лигашкиот дуел, а Бетис победи во куп дуелот. Пред седум години последен пат беше 0-0, што значи традицијата вели дека ќе има гол(ови). Севилја е претпоследна на табелата после 12 кола, а Бетис е четврти, и затоа Бетис сега има убава шанса да победи.

Предлог тип: & 2-4 (2.10)

- Оглас -

Најнови вести