Белгиското рели Кондроз-Хуј во близина на градот Ванз ќе се памти по трагедијата која се случи денеска. Еден од возачите загуби контрола над возилото, излета од патеката и удри во група гледачи.
Емерик Рари и Фанрис Анри беа во Шкода Фабија Р5 кога излетаа од патеката, удрија во едно мало ѕидче, а потоа автомобилот влета директно во група гледачи кои стоеле на место кое не било наменето за гледачи.
Во несреќата загинаа 16-годишна девојка и 18-годишно момче, додека повредени се уште 11-мина луѓе. Ниту еден од повредените не е во критична состојба. Возачот и совозачот исто така завршија во болница на прегледи, но не се потешко повредени, а треба да дадат и изјава пред полицијата.
Се верува дека несреќата се случила поради лошите временски услови и лизгавата патека. На крајот автомобилот завршил во дворот на една куќа.
„Автомобилот удри во мал ѕид, потоа се преврти на страна и удри во група гледачи кои стоеја на место кое е забранета зона“, соопштија организаторите.
#Breaking: Just in – At least Two people dead and dozen of others injured after car ends up in public side wach lane, during Condroz Rally in #Belgium. pic.twitter.com/r9Bsa06q7K
— Sotiri Dimpinoudis (@sotiridi) November 6, 2022
Ова не е прв пат да има жртви на оваа рели трка. Пред четири години при излетување на еден автомобил, загина совозачот Рик Ванлесен. Белгиските медиуми потсетуваат дека во 2011 година на ова рели смртно настрадале двајца гледачи откако автомобил удри во мост, кој од силината на ударот се срушил, а големи камења како „дожд“ завршил во гледачите, и двајца настрадале. Пред 19 години, на ова рели настрадало и 14-годишно момче.