Поранешен НБА-играч во проблеми, го нападнал обезбедувањето во Мекдоналдс

Поранешниот НБА-кошаркар Бен Гордон повторно прави проблеми и само еден месец откако беше уапсен бидејќи го удрил својот десетгодишен син, сега повторно е со лисици на рацете бидејќи нападнал обезбедување во ресторан за брза храна, Мекдоналдс.

Гордон го удрил во главата еден од редарите и е обвинет за нанесување телесни повреди и предизвикување физички контакт, по што бил уапсен во 3.30 часот наутро во Чикаго.

Полицијата била повикана да реагира откако Гордон прво удрил 29-годишен човек од обезбедувањето и го фрлил на подот, а потоа турнал уште едно лице.

Бен Гордон во кариерата има играно за четири екипи во НБА, Чикаго булс, Детроит пистонс, Шарлот бобкетс и Орландо меџик, а во 2015 година се повлече од најсилната кошаркарска лига.

Гордон и во минатото исто така имал проблеми со законот и неколку пати е апсен поради испади и насилство, а во 2017 година трипати плаќаше кауција за да излезе од притвор. Тој по завршувањето на кариерата изјави дека има ментални проблеми.

- Оглас -

Најнови вести