Бомба од Англија, Ливерпул оди на продажба

Еден од најтрофејните англиски и европски клубови, Ливерпул, наскоро може да добие нови сопственици, објави „Фенвеј спортс груп“ (ФСГ), кој моментно е  сопственик на Црвените.

Шпекулациите кои кружеа извесно време дека Ливерпул во блиска иднина би можело да добие нови сопственици, иако првично беа отфрлани како неточни, стануваат реални по соопштението на актуелните сопственици.

„Неодамна имаше неколку промени во сопственоста на неколку тима во Премиер лигата, како и шпекулации за преземање на други клубови, и ние сега сакаме да бидеме транспарентни околу сопственоста на ‘Фенвеј Спортс груп’ во Ливерпул. ФСГ неодамна доби интерес од трета страна да стане акционер во Ливерпул. ФСГ претходно изјави дека ќе дозволи влез на нови акционери во клубот под вистински услови и доколку тоа би било во најдобар интерес на Ливерпул. ФСГ останува целосно посветена на успехот на Ливерпул на и надвор од теренот“, стои во соопштението на ФСГ.

Англиските медиуми пишуваат дека ФСГ најверојатно нема да си замине од клубот, туку со задоволство би прифатиле нови акционери и инвеститори. Шпекулациите се дека нови акционери може да бидат или милијардери од САД или шеици од Блискиот Исток. Пред неколку месеци се шпекулираше дека еден од саудиските шеици е заинтересиран да го купи Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести