Холандија има висока предност од 9:17 на полувремето против Македонија, во меч од второто коло на Европското првенство. Холанѓанките уште од стартот покажаа зошто се големи фаворитки. Поведоа со 2:0, а Дабевска даде гол за 2:1 во четвртата минута. Потоа следуваа неколку промашувања во нападот на Македонија, а противникот со брзи контранапади стигна до 6:1 само по осум минути игра, па селекторот Љубомир Савeвски мораше да побара тајмаут.
Нашите ракометарки заиграат многу поцврсто во одбраната, па со головите на Кипријановска и Ристовска намаливме на 3:6 во 11-тата минута. Ако во дуелот против Франција до 16-тата минута немавме дадено ниту еден гол, овојпат погодивме четирипати, но поради многуте грешки што ги направивме во нападот, примивме дури 11 голови во овој период.
Во 24-тата минута Холандија водеше со 14:7, а половина од головите ги постигнаа од контранапади. До крајот на првиот дел разликата стигна до највисоки осум разлика по првите 30 минути.