Стариот добар Балотели: Од која мафија сте вие?

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели, кој во јавноста повеќе беше застапен поради лудориите што ги правеше на и надвор од терените, сезонава игра за швајцарскиот Сион и по осум меча веќе заработи суспензија.

Балотели досега постигна четири гола за Сион, но поради инцидентот на мечот со Базел, беше суспендиран на еден натпревар.

Имено, на дуелот против Базел, „Супер Марио“ во еден момент иритиран од однесувањето на противничките навивачи, на публиката ѝ покажа среден прст, поради што реагираше Фудбалската федерација на Швајцарија и го казни играчот со суспензија.

Тоа го налути Балотели, кој челниците на Федерацијата ги обвини дека се мафијаши.

„Еј, Швајцарска федерација: Не знам во која мафија припаѓате, но верувајте дека играчите како мене не се горди што играат во лига во која владее неправда, корупција и неспособност. Фудбалот е бизнис и сите треба да го сфатиме сериозно, вклучувајќи ги и судиите. Нема да продолжам да го ризикувам сопственото здравје на теренот без заштита од прекшоците на противничките играчи, како и од нападите на навивачите. Навистина не ме интересира на што сте биле навикнати порано, но треба да го промените ова што поскоро, зарем светот треба да ја гледа оваа лига за да го видат срамот што го правите. Погрешив и ќе платам за тоа, а дали погреши Федерацијата? Дали ќе плати за тоа, дали погреши и судијата? И тој мора да плати“, напиша Балотели на социјалните мрежи.

https://twitter.com/i/status/1589299922956091393

 

- Оглас -

Најнови вести