Со вакви киксеви не се брани титула: Милан се лизна во Кремона, Наполи трие раце!

Милан не успеа да победи на гостувањето кај Кремонезе и овие 0-0 се кикс кој ги оддалечува Росонерите од одбрана на титулата во Серија А. Милан и понатаму е втор на табелата, но сега има дури осум бода помалку од лидерот Наполи.

Кремонезе нема ниту една победа по 14 кола, но има седум нерешени резултати и тоа ги одржува во битката за опстанок.

Гостите од Милано постигнаа еден гол, стрелец беше Дивок Ориги, но погодокот беше поништен поради офсајд по прегледувањето на снимката.

- Оглас -

Најнови вести