Ваков хаос немало одамна – Војната на Чаир заврши со прекинат меч во дербито на Купот (Видео)

Хаосот на Чаир заврши со прекин на мечот меѓу Шкупи и Шкендија во четвртфиналето на Купот на Македонија, а инцидентите се невидени во нашата фудбалска историја.

По голот на Дашмир Елези за Шкендија во деветтата минута и провокацијата на играчот на тетовци кон домашната публика, се случи вистинска инвазија на теренот.

Навивачите на Шкупи ги нападнаат гостите и дури и се тепаа со нив, што е недозволено во нормалниот свет на фудбалот.

Имаше и димни бомби, факли се фрлаа на теренот, а полицијата едвај ги извлчече гостите од Тетово до соблекувалните.

Мечот и дефинитивно нема да се доигра, па се чека епилог што ќе го одреди ФФМ, а како изгледаше инцидентот, можете да погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести