Баерн Минхен официјално со соопштение објави дека Садио Мане има повреда на фибулата (коска во потколеницата) на десната нога и дека лекарскиот тим на клубот е во постојана комуникација со колегите од Сенегалската фудбалска федерација.
Од Баерн објавија дека Мане нема да игра на мечот со Шалке, кој е последен за Баварците пред Мундијалот, и дека во следните денови ќе му бидат извршени нови прегледи и тестови, по кои дефинитивно ќе се знае дали ќе може да игра на СП во Катар.
Сенегалскиот селектор Алиу Сисе планира в петок да го објави списокот на патници, па до задутре ќе остане мистерија дали Мане ќе може да игра на СП или не.