Мурињо: Тајната на сите мои успеси се напаѓачите од Африка

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ја откри тајната на неговите успеси во кариерата, секогаш кога освојувал трофеи, во тимот секогаш имал напаѓач од Африка.

Мурињо се смета за еден од најголемите тренери на денешницата. Тој со Порто и Интер триумфира во Лигата на шампионите, со Рома во Лигата на конференции, додека со Челзи и Реал Мадрид освојуваше трофеи во Англија и Шпанија и секогаш во тимот имал напаѓач кој потекнува од Африка.

„Тајната на мојот успех е секогаш во тимот да имам африкански напаѓач. Без напаѓач од Африка, чувствувам дека нема да успеам. Мојата доверба во африканските напаѓачи започна со Бенедикт Мекарти во Порто, каде што постигна повеќе од 20 гола во првенството и ни помогна да ја освоиме титулата. Истата сезона тој постигна многу важни голови и во Лигата на шампионите кога ја освоив мојата прва Лига на шампиони како тренер“. Потоа се преселив во Англија, каде што во Челзи го имав Дидие Дрогба. Тој беше одлично „оружје“ за освојување на Премиер лигата. Сакав Мекарти да ми се придружи во Челзи и да игра заедно со Дрогба во нападот, но Блекбурн не сакаше да го продаде по ниту една цена“, вели Мурињо.

Португалецот втората титула во ЛШ ја освои со италијанскиот Интер, чиј член во тоа време беше Горан Пандев, кој исто така имаше важна улога во замислите на Мурињо.

„Очајно сакав да освојам уште еден трофеј во ЛШ, но во Интер имав само двајца играчи од средниот ред од Гана. Но, тоа не беше доволно и седнав да размислувам како да дојдам до напаѓач од Африка. Решението го најдов во Барселона, која со задоволство ми го продаде Самуел Ето и истата сезона триумфирав во ЛШ“, вели Мурињо, кој додава дека во Манчестер јунајтед нема доверба во напаѓачите од Африка и поради тоа немал успеси со Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести