За пет години бранел само на 18 меча, а постави рекорд што не е виден во 130-годишнината на Ливерпул

Ливерпул се пласира во осминафиналето на Лига купот откако дури по подобро изведување на пеналите, го победи третолигашот Дерби каунти. По 90 минути немаше голови на „Енфилд роуд“, па ударите од белата точка требаше да решат кој тим ќе оди понатаму.

Херој на пенал-рулетот беше Каоимин Келехер, кој е резервен голман на Ливерпул, а во оваа рана фаза од Лига купот добива шанса да брани. Келехер успеа да им одбрани три пенали на гостите и тоа беше доволно за Ливерпул на крајот да се радува со 3:2 по ударите од 11 метри.

Келехер веќе пет сезони е во Ливерпул и константно е резерва, но кога ќе добие шанса да брани, максимално ја искористува. Дуелот против Дерби каунти беше само 18-ти меч за Келехер како стартер во англискиот гигант. Осум меча има брането во Лига купот, четири средби во ФА купот, исто толку и во во Премиер лига, а двапати бранел и во европските купови.

За овие 18 натпревари, ирскиот голман, кој има и осум настапи за националниот тим, успеа да постави еден рекорд во клупската историја на Ливерпул. Тој е првиот голман кој успеал на четири меча со одбрани во пенал-рулетот да го одведе својот тим во следната фаза. Ниту еден друг голман на Ливерпул во претходните 130 години немал четири успешни средби на кои со неговите одбрани го водел тимот во следната рунда.

- Оглас -

Најнови вести