Ограбен домот на ѕвезда на Денвер, останал без злато и пари, но и без книга од 15 долари

Екипата на Денвер нагетс има одличен старт на сезоната во НБА-лигата, но пред натпреварот против Индијана пејсерс на гости, се случуваше драма во домот на една од главните ѕвезди, Мајкл Портер Јуниор, бидејќи разбојници влегле и му украле вредни работи.

Полицијата потврди дека бил ограбен домот на кошаркарот додека тој играл натпревар.

Разбојниците од домот на Портер украле 8.000 долари во готовина, неколку чанти „Луј Витон“ вредни 2.250 долари и златна нараквица во вредност од 2.000 долари, а била земена и Библија која чини 15 долари.

„Тој не беше во собата кога се случи тоа. „Украдени се пари, златна нараквица, две чанти ‘Луј Витон’ и една Библија“, напишува „Денвер пост“.

- Оглас -

Најнови вести