Прогнозерите веќе имаат фаворит за дербито во Серија А, а се поделени за премиерлигашката пресметка

Меѓу 13-те пара во основната понуда на 13-тото коло на бесплатната Спортската прогноза во организација на Sport Life и Спорт Манија се наоѓаат две дерби-пресметки во Италија и во Англија, за кои прогнозерите за едниот дуел немаат дилеми околу победникот, но се поделени околу вториот.

Дури 75 отсто од прогнозерите веруваат дека Јувентус ќе слави во дербито против Лацио, додека во римјаните веруваат само осум отсто.

Во Премиер лигата, најинтересениот натпревар ќе се игра на „Сент Џејмс парк“, каде што ќе се сретнат Њукасл и Челзи. Тука прогнозерите се поделени, 30 отсто веруваат во победа на Њукасл, 31 отсто дека натпреварот ќе заврши без победник, додека 37 отсто сметаат дека фудбалерите на Челзи ќе се радуваат.

Прогнозерите имаат голема доверба и во Сампдорија, која се бори за опстанок и речиси 84 проценти веруваат во нејзина победа над Лече, а 80 отсто сметаат дека Монпелје ќе го победи Лориен.

За вашите прогнози има време до сабота, до 15.30 часот, кога почнува првиот меч.

Со погодени 13 натпревари, сами имате можност да си изберете подарок од понудените три варијанти:

Смарт Тв Самсунг 55” 4K

Xiaomi Електричен тротинет

X Box Series X

Секогаш е предизвик да се тестираат способностите за прогнозирање во оваа бесплатна игра во која може да добиете и убави подароци, па затоа ПРОГНОЗИРАЈТЕ.

- Оглас -

Најнови вести