Пристигна првата репрезентација во Катар

Фудбалската репрезентација на САД е првата од 32-те селекции учесници на Светското првенство што веќе пристигна во Катар откако вчера вечерта слета на меѓународниот аеродром „Хамад“ во Доха.

Американците настапот на Мундијалот во Катар ќе го започнат на 21 ноември со дуелот против Велс, четири дена подоцна ќе играат со Англија, а на 29 ноември противник ќе им биде Иран.

Целата американска експедиција ќе биде сместена во хотел во западна Доха, а ќе тренира на теренот на клубот Ал-Гарафа, кој е оддалечен околу 15 километри од хотелот.

Селекцијата на САД по 11-ти пат ќе учествува на Светските првенства, а најголем успех им е третото место на првото Светско првенство што се играше 1930 година во Уругвај.

Неодамна во Катар пристигнаа членови на делегациите на Аргентина и Јапонија, но не и нивните репрезентации.

- Оглас -

Најнови вести