Фудбалерите денес се „потресуваат“ како изгледаат и да возат брзи коли, а немаат сила да му помогнат на 60-годишен економ

Мирослав Клосе е фудбалерот кој успеа да го надмине легендарниот Пеле, по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Голгетерот на германската репрезентација застана на бројката од 16 голови на Мундијалите што е еден погодок повеќе од Пеле.

Напаѓачот кој имаше речиси дводецениска кариера, во 2016 година реши да ги стави „копачките на клин“. Освен 667 меча на клупско ниво во кои даде 258 голови, Клосе одигра и 137 меча за Германија и има 71 погодок и е прв на вечната листа на Панцерите. Клосе открива како фудбалот за неколку години драстично се сменил и каква е сега филозофијата на младите фудбалери.

„Денеска младите играчи мислат на други работи. јас кога бев млад размислував само за тренинзите, како да станам што е можно подобар во спортот што го сакам. Во тренинг кампот на Лацио и репрезентативниот тренинг камп на Германија, после секој тренинг одев во када полна со мраз, за да го сочувам моето тело од повреди. Младинците тоа постојано го одбиваа. Кога ќе ме видеа дека јас ја носат вреќата со топки, ме прашуваат: “Ама кој те тера да го правиш тоа? Јас сум мртов уморен“. Во тој момент си помислував, како може да имаат 20 години и да се толку уморни за да не може да му помогнат на економот кој има 60 години. Тие само се грижеа за тоа да имаа боја на копачки кои ќе им одговараат со чорапите. Едноставно фудбалот во кој јас растев го снема. Денеска постојат други работи. Денеска зборуваат за брзи автомобили, да имаат јаки спонзорски договори, да имаа копачки со сопственото име. Дури потоа мислат на играта. Имиџот им е поважен. Затоа реков дека е доста“, објаснува Клосе.

Дека Клосе треба да е вистински пример за младите потврдуваат и неговите два супер ферплеј потези кои ги имаше во кариерата. Најпрво додека играше за Вердер Бремен, му призна на судијата дека погрешно досудил пенал во негова корист и арбитарот потоа ја поништи одлуката. Како играч на Лацио, во дербито против Наполи, Клопсе постигна гол со рака, а судијата го призна. Германецот веднаш реагираше и на судијата му посочи дека играл со рака и дека голот треба да биде поништен.

„Ми беше лесно да признаам дека играв со рака. Тоа е мојот карактер. Ние треба да бидеме пример“, рече Клосе кој тешко дека некој во блиска иднина ќе успее да го надмине на листата најдобар стрелец во историјата на Светските првенства.

 

 

- Оглас -

Најнови вести