Најтешка и најнеизвесна група на Светското првенство во Катар е Група Г во која предводник е петкратниот светски првак Бразил, потоа Србија, Швајцарија и Камерун. Оваа оценка за најтешка група е по пресметката направена на ЕЛО Ранкингот. Во ова рангирање се смета вредноста на репрезентацијата по повеќе критериуми.
ЕЛО Ранкингот прави споредби на групите на Мундијалите уште од 1970 година. Според тоа рангирање, најтешката група на светските првенства е таа во 1970 година во која играа Англија, Бразил, Чехословачка и Романија.
Според рангирањето на вечната листа, Групата Г во која се Бразил, Србија, Швајцарија и Камерун е шестата најтешка група во историјата на Мундијалите. Според ова рангирање на ЕЛО тежината на групите на СП во Катар се:
Група Г: Бразил, Швајцарија, Србија, Камерун – 1901 бод
Група Е: Шпанија, Геранија, Јапонија, Костарика – 1885
Група Ф: Белгија, Хрватска, Канада, Мароко – 1868
Група Ц: Аргентина, Мексико, Полска, Саудиска Арабија – 1849
Група Д: Франција, Данска, Австралија, Тунис – 1846
Група Б: Англија, Иран, САД, Велс – 1831
Група Х: Португалија, Уругвај, Јужна Кореја, Гана – 1816
Група А: Холандија, Еквадор, Сенегал, Катар – 1808