Ливерпул немаше проблем на „Енфилд роуд“ и со 3:1 го победи Саутемптон во меч од 16. коло во Премиер лигата. Најскапиот фудбалер во историјата на Ливерпул, Дарвин Нуњес конечно заигра како што од него очекува Јирген Клоп и прв пат постигна два гола на еден меч.
Роберто Фирмино беше тој што прв донесе радост за домашните навивачи, но Адамс израмни на 1:1 по само девет минути игра. Тогаш блесна Нуњес кој прво погоди за 2:1 во 21 минута, а потоа зголеми и на 3:1 во 42 минута, па уште тогаш беше јасно за кого ќе бидат трите бода на овој дуел.
Највозбудливиот меч денеска го одиграа Тотенхем и Лидс, а на крајот домаќините победија со 4:3. Лидс три пати водеше и тоа со 0:1, 1:2 и 2:3, но на крајот Тотенхем се радуваше со 4:3. Бентакур даде два гола, а по еднаш погодија Дејвис и Кејн.
Борнмут на свој терен со 3:0 го победи Евертон, а Нотингем Форест со 1:0 го победи Нотингем Форест. На гости се радуваше само Лестер кој со 2:0 победи против Вест Хем на „Олимпискиот стадион“ во Лондон.