„Болниот“ Роналдо се одјави од Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо нема да биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед на утрешното гостување кај Фулам во рамки на 16-от коло од Премиер лигата и веќе мислите ги насочи кон Мундијалот во Катар.

Англиските медиуми пренесуваат дека Роналдо е „болен“ и дека е изоставен од тимот за дуелот со Фулам во договор со тренерот Ерик тен Хаг.

Роналдо го пропушти и натпреварот од Лига Купот против Астон Вила што се играше во четвртокот, по што веднаш започнаа шпекулации дека Португалецот решил да се фокусира на настапот на Мундијалот во Катар.

Светското првенство кое започнува идната недела, ќе биде последно во кариерата за Роналдо и затоа фудбалерот целиот фокус и енергија ги насочил токму кон настапот во Катар.

Дел од медиумите дури пишуваат дека Роналдо веќе се простил и од Манчестер јунајтед, со што се поизвесни се гласините дека во јануари идната година ќе си замине од „Олд трафорд“.

Неговото место на натпреварот против Фулам кој се игра утре од 17.30 часот, се очекува да го зазеде Ентони Марсијал.

- Оглас -

Најнови вести