ПСЖ со најсилниот тим пукна петарда против Оксер

Фудбалерите на ПСЖ го победија Оксер со 5:0 во натпреварот од 15-то коло во Лига 1, кое е последно пред стартот на Светското првенство во Катар.

Стрелци беа Мбапе, Солер, Хакими, Ренато Санчез и Екитике, па Светците на едномесечна пауза одат со пет бода повеќе од Ленс. ПСЖ е лидер на табелата со 41 бод, а Ленс има 36.

Иако се очекуваше тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтиер да ги одмори своите главни ѕвезди пред Мундијалот во Катар, тој не го стори тоа, на теренот го испрати најсилниот тим и рутински ја заврши работата со Оскер кој сега е 15-ти на табелата со 13 бодови.

Бункерот на Оксер на „Паркот на принцовите“ беше разбиен уште во 11-та минута кога Меси одлично се снајде и му додаде на Нуно Мендеш, кој пак го проигра Мбапе за водство од 1:0.

Тоа беше резултатот од првото полувреме, а за вториот гол требаше да се чека до 51-та минута. Нуно Мендес уште еднаш беше во улога на асистент, се проби по левата страна и нафрли, а Солер со глава погоди за 2:0.
Преостанарите три гола ги постигнаа Ашраф Хакими, Ренато Санчез и Уго Екитике.

- Оглас -

Најнови вести