Невиден пех му се случи на полскиот репрезентативец голман, Бартоломеј Драговски, кој ја скрши ногата на дуелот меѓу Верона и Специја и нема да брани на Мундијалот во Катар.
Во буквално последниот клупски меч пред настапот на Мундијалот, на 25-годишниот голман на Специја му се случи тешка повреда во дуел со напаѓачот на Верона, Кевин Ласања.
https://twitter.com/AndreaTrapani99/status/1591810902088638467?s=20&t=2FWmQL0JERcMwTd031segg
Драговски ќе треба да паузира долг период, а на негово место веќе е повикан голманот Камил Грабара, кој брани за дански Копенхаген.
Полска е во Ц групата на Мундијалот со Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија.