Осмиот најбогат човек на светот му фрли око на Ливерпул

Милијардерот од Индија, Мукеш Амбани, е заинтересиран за купување на англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Англискиот весник „Мирор“ пишува дека Амбани, чие богатство се проценува на 90 милијарди долари и е осми најбогат човек на светот, се распрашувал за условите за купување на Ливерпул, чија пазарна вредност е околу пет милијарди фунти.

Весникот пишува и дека Амбани е голем навивач на Ливерпул и не сака да ја пропушти шансата да се обиде да го купи тимот за којшто навива.

Индискиот милијардер е голем љубител на спортот, тој е сопственик на Мумбаи Индијанс, најпопуларниот крикет клуб во земјата, а исто така дал голема сума пари за формирање на фудбалската Супер лига во Индија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести