Натпреварите од втората холандска лига гарантираат голови

1648 Јонг Ајакс – Ден Бош (20 ч.)

Натпреварите во втората холандска лига најчесто завршуваат со резултати кои ги сакаат фановите, со доста голови. Таков се очекува да биде и натпреварот меѓу вториот тим на Ајакс и Ден Бош. Просекот на двата тима по 14 одиграни кола е два гола на натпревар, Јонг Ајакс има гол-разлика 25:23, додека Ден Бош има 22:25. Во последни пет години, на нивните меѓусебни средби постојано има најмалку три гола по натпревар.

Предлог тип: 1+ I & 2+II (1.99)

 

9294 Унгарија – Шведска (20:30 ч.)

Натпреварите во главната фаза од Европското првенство, женската репрезентација на Шведска ги започна со пораз од главниот фаворит за титулата, Норвешка, со 25:27 и драстично ги намали шансите за освојување на едно од првите две места во групата 1, кои носат пласман во полуфиналето. Пораз забележа и Унгарија, и тоа од Данска (27:29) и остана без бодови. Фавортиската улога ја има Шведска, која може да дојде до третото место во групата. Се очекува триумф на Шведска во меч во кој ќе има доста голови поради брзиот ракомет што го форсираат скандинавските ракометарки.

Предлог тип: 2 & >54.5 (2.19)

 

1830 Минхен 1860 – Есен (19 ч.)

Поранешниот германски шампион (1966 година) Минхен 1860 во последните 20-тина години е далеку од Будеслигата и сезонава се натпреварува во трета германска лига. Минхен 1860 се наоѓа во серија од три порази поради кои падна на шестото место на табелата иако имаше одличен старт на сезоната. Неговиот противник, Есен, игра во подобра форма и има две победи и две ремија во поседните четири меча со што избега од опасната зона на испаѓање. За очекување е Минхен да им се врати на победите, а и традицијата е на страната на домашните фудбалери, тие во сите шест меѓусебни дуели имаат скор од четири победи и две ремија.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

2816 Сондерјиске – Вејле (19 ч.)

Во последниот натпревар од 17-тото коло во данската втора лига играат Сондерјиске, кој е шести на табелата, и лидерот Вејле. И двата тима во овој дуел влегуваат со пораз, домаќинот во претходното коло загуби од Фремад Амагер (1:0), а Вејле од Хилерод (3:2). Сезонава и двете екипи играат ефикасно, Сондерјиске на 16 меча дал 32 гола, додека Вејле е уште подобар со 36 постигнати гола.

Предлог тип: ГГ (1.61)

 

1572 Крусејдерс – Балимена (20.45 ч.)

Крусејдерс се наоѓа во одлична форма во шампионатот на Северна Ирска и има четири победи на последните пет меча, додека Балимена игра променливо. Благодарение на победничката серија, Крусејдерс има шест бода помалку од лидерот на табелата, Ларне, и евентуален триумф ќе го искачи на делба на второто место. Крусејдерс досега има девет победи во шампионатот на Северна Ирска и дури на осум имало четири или помалку голови.

Предлог тип: 1&2-4 (2.02)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести