На Светските првенства во 2010 и 2014 година, браќата КевинПринс и Жером Боатенг испишаа историја со тоа што станаа првите коишто играа на Светско првенство во дресови на различни репрезентации, први кои и заиграа еден против друг, а годинава во Катар едни други браќа може да го повторат тој куриозитет.
Станува збор за Ињаки и Нико Вилијамс. Ињаки ќе игра за Гана, а Нико за Шпанија. Во четвртфиналето може да се случи Шпанија да игра против Гана и тој меч би бил интересен за сите, особено за родителите на Ињаки и Нико.
„Ако се случи тоа, се разбира дека ќе навиваат за Гана, јас сум постариот син“, рече на шега Ињаки, кој игра за Атлетик Билбао и откако долго чекаше да го викнат да игра за А тимот на Шпанија, на крајот се реши за земјата на неговите родители.