Македонија му го расипа планот да си навива за Италија, па Анчелоти откри за кого ќе навива на СП

Италија како актуелен европски првак нема да има шанси да се бори и за светската фудбалска титула откако Македонија ги елиминираше Аѕурите во бараж-мечот за Мундијалот во Катар. Токму поради тоа, многу навивачи од целиот свет сега ќе мора да бараат нов миленик на планетарниот собир.

Меѓу оние кои сигурно ќе навиваше за Италија, доколку беше на Светското првенство е и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег кој го предводеше Кралскиот клуб до титулите во Шпанија и Лигата на шампионите имаше диполматски одговор околу тоа за која селекција ќе навива во Катар.

Анчелоти одговори дека тој ќе навива за сите земји во кои играат неговите фудбалери. Куртоа и Азар се дел од белгиската селекција, Карвахал и Асенсио ќе ги бранат боите на Шпанија, а за Франција ќе настапат Камавинга, Чуамени и Бензема. Бразилците Милитао, Родриго и Винисиус јуниор се дел од Кариоките, Рудигер ќе игра за Германија, Валверде за Уругвај, а Модриќ за Хрватска.

„Ќе навивам за Хрватска, Бразил, Шпанија, Германија, Франција, Уругвај, Белгија… Давам поддршка за сите мои фудбалри кои ќе играат во Катар и им посакувам многу среќа на Светското првенство“, рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести