Убав излет за Фенербахче на Канарските Острови

Лидерот во Евролигата, турскиот шампион Фенербахче лесно мина на гостувањето на Канарските Острови и со 82:64 го победи тимот на Гран Канарија.

Фаворитот апсолутно ја оправда улогата и рутински победи, со што го сочува врвот по 19 натпревари во најсилното клупско натпреварување во Европа.

До 17-тата победа, турскиот првак стигна со сигурна игра од почетокот на мечот. По првото полувреме, гостите водеа со 44:32 и најавија сигурен триумф.

Гран Канарија се обиде да приреди чудо, ја доби третата четвртина со 19:12, но потоа повторно се разиграа гостите и рутински ги освоија бодовите.

Никола Калиниќ со 16 поени беше прв стрелец во победничкиот табор, а Ким Тили со 21 поен беше најдобар стрелец и на мечот и во составот на Гран Канарија.

- Оглас -

Најнови вести