Езџан Алиоски вели дека без разлика дали се игра пријателски меч, а такви се двата со Финска и Азербејџан, или не, Македонија секогаш оди на победа.
Со Финците ќе ги одмериме силите задутре во Скопје од 18 часот, а три дена подоцна на 20 ноември ривал ќе ни биде Азербејџан, исто така на Арената „Тодор Проески“ во главниот град.
„Реално овие пријателски мечеви доаѓаат во незгодно време, кога се чуствува замор, но без разлика на сè, тука сме и ќе играме најдобро што знаеме. Без разлика дали се работи за пријателски натпревари или не, Македонија секогаш оди на победа. Секогаш во фудбалот треба да си на топ ниво, а посакувам само да нема повреди. Респект за сите што доаѓаат на натпреварите на репрезентацијата бидејќи секогаш не е лесно да се игра“, вели Алиоски.