Поранешниот аргентински претседател Маурицио Макри се посрамоти во живо на телевизиско интервју посветено на Мундијалот во Катар со изјава што ги фрапира сите.
„Не ја заборавајте Германија како еден од фаворитите за шампионската титула. Тие се супериорна раса“, рече Макри.
Тој ги наведе и Португалците и Французите како фаворити за шампионската круна, но потоа се посрамоти кога дојде ред да ги пофали Германците.
https://twitter.com/eixopolitico/status/1592373473774403584?s=20&t=NDWNWpcS5zD28QtG6Amzvg
Германија е четирикратен светски првак и е на второто место на вечната листа со најтрофејни нации, заедно со Италија, а само зад Бразил, кој има пет шампионски круни на Мундијалите.