Меси откри кои му се фаворити за триумф на СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, изјави дека Бразил, Франција и Англија се „малку над останатите“ и се фаворити за триумф на Светското првенство во Катар кое започнува в недела.

„Секој натпревар на Светското првенство ќе биде тежок. Немавме многу натпревари против европски селекции. Мислам дека нема потреба луѓето да не гледаат како фаворити. Мора да бидете реални и да одите натпревар по натпревар. Секогаш кога зборуваме за претенденти за титулата, зборуваме за истите тимови. Ако треба да ставам неколку над другите, мислам дека тоа се Бразил, Франција и Англија. Франција, иако е ослабена поради повреди на неколку играчи, сепак има одличен тим и искусен селектор. Тие сигурно ќе бидат едни од главните фаворити за освојување на титулата, исто како и Бразил, кој го има Нејмар и одлични напаѓачи“, изјави Меси, кој му гостуваше на Хорхе Валдано во неговата емисија „Универсо Валдано“.

Фудбалерот на ПСЖ исто така изјави и дека Мундијалот во Катар ќе биде многу напорно натпреварување.

„Светското првенство е тешко и комплицирано натпреварување и сè може да се случи“, додава Меси.

Аргентина на СП во Катар се наоѓа во групата Ц заедно со Саудиска Арабија, Полска и Мексико. Првиот натпревар Гаучосите ќе го играат против Саудиска Арабија на 22 ноември.

- Оглас -

Најнови вести