Трагедија: Француски фудбалски судија доживеал мозочен удар додека тренирал

Францускиот фудбал тагува бидејќи ненадејно почина еден од најценените судии, Жоан Амел, на 42-годишна возраст.

Амел, кој ја делеше правдата на натпреварите во Лига 1 и во Лигата на шампионите, додека тренирал доживеал мозочен удар. Веднаш бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

Веста за смртта на Амел ја објави Унијата на елитни фудбалски судии (САФЕ).

„Сите судии тагуваат. Дознаваме дека почина нашиот колега и пријател Жоан Амел, судија во Лига 1. САФЕ изразува најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и роднините. Жоан, ќе ни недостигаш“, стои во соопштението.

Жоан Амел од 2015 година е главен судија во француската Лига 1 и досега судел на 135 меча во Лига 1 и 85 во Лига 2.

Последниот натпревар како главен судија го имаше на 6 ноември меѓу Лил и Рен, а во неделата беше видеоасистент во ВАР-собата за дуелот меѓу Оксер и ПСЖ.
Пред две недели беше четврти судија на мечот од последното шесто коло до групната фаза во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Селтик.
Покрај здружението, се огласија и многу клубови.

Амел е во Л1 од сезоната 2015/16. Како судија судеше на 135 натпревари од Лига 1 и 85 натпревари во Лига 2.

Последниот натпревар кој го судеше беше Лил-Рен на 6 ноември, а веќе во неделата беше видеоасистент на натпреварот ПСЖ-Оксер. Пред две недели беше четврти судија на дуелот Реал Мадрид – Селтик. Во последните три години тој се појави и во Лигата на Европа и во Конференциската лига.

Клубовите и соработниците го опишуваат како „емотивен и посветен“ човек.

- Оглас -

Најнови вести