Англија е „најскапа“ репрезентација на Мундијалот, а Белингам вреди повеќе од 12 селекции што ќе играат во Катар

Швајцарската фудбалска опсерваторија (ЦИЕС) ја пресмета тимската и индивидуалната вредност на учесниците на претстојното Светско првенство во Катар.

ЦИЕС ја одреди вредноста на 32-ца репрезентации и на 831 фудбалер кои се пријавени за настап на Мундијалот во Катар, кој започнува в недела и ќе трае сè до 18 декември.

Најскапа репрезентација според колективната пазарна вредност е репрезентација на Англија, која е проценета на 1,49 милијарда евра, а веднаш зад неа е Бразил, кој вреди 1,45 милијарда евра. По нив следува актуелниот светски шампион Франција (1,33 милијарда евра), Шпанија (1,2 милијарда), Португалија (1,15 милијарда) и Германија (1,02 милијарда).

На СП во Катар ќе учествуваат и две репрезентации од регионот и кои во минатото беа дел од поранешната СФРЈ, Хрватска и Србија. Тие се наоѓаа во златната средина, Коцкестите се проценети на 478 милиони евра, додека Србија вреди 404 милиони евра.

„Најевтина“ репрезентација е Костарика, која е проценета само на 23 милиони евра.
Меѓу фудбалерите, најскап фудбалер е англискиот репрезентативец кој игра за Борусија Дортмунд, Џад Белингам, чија пазарна вредност изнесува 202 милиони евра и тој според ЦИЕС, е поскап дури од 12 селекции што ќе играат во Катар.

- Оглас -

Најнови вести