Девојка од Албанија направи хаос на социјалните мрежи откако се појави во дрес на фудбалската репрезентација на Србија.
Кристина Викторија која е „тиктокерка“ од Албанија, одлучи јавно да покаже за кого ќе навива на претстојното Светско првенство и на големо изненадување на своите сонародници ја избра селекцијата на Србија.
Таа сними видео во дрес на Србија, со што го навлече гневот на албанските навивачи кои ја „затрупаа“ со срамни коментари, а на жестоките критики Кристина одговори покажувајќи им среден прст.
@kristina.viktoria
Причината поради која ќе навива за Србија на Мундијалот во Катар е бидејќи нејзиното момче е Србин.
Инаку, Србија на Мундијалот ќе игра во група со Бразил, Швајцарија и Камерун, а првиот натпревар го игра на 24 ноември против Бразил.