Горан Пандев денес ќе настапи против „својот“ Лацио на „Олимпико“, иако неговиот тренер Давиде Балардини стравуваше дека ќе игра без својот искусен играч. „Гранде“ Пандев сепак, ја надмина малта повреда и е подготвен да стартува против екипата која ја води Симоне Инзаги.
Нашиот капитен повторно се враќа на добро познатиот терен, каде одигра 192 натпревари во дресот на Лацио и постигна 64 погодоци во сите натпреварувања. Настапувајќи за Наполи, Интер и Џеноа, Пандев вкупно има постигнато шест погодоци на десет настапи против „орлите“ од Рим, а и самиот тренер Инзаги истакна дека тој е најголемата закана по голот на Лацио, секогаш го „расплакувал“.
„Џеноа има повеќе играчи кои може да ни создадат проблеми, но Пандев секогаш ме доведувал до состојва да се расплачам, бидејќи редовно постигнува гол против нас“, истакна Инзаги во пресрет на денешната средба.
Во улога на класична „10-ка“, се очекува Пандев повторно да ја затресе мрежата на Стракоша, на свирежите и навредите од трибините одамна се навикна, а јасно е дека ќе му биде посебно драго да постигне гол против клубот кој го избрка, по поранешните недоразбирања со сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито.
Со оглед на фактот дека Лацио игра пред свои навивачи, за овој меч се фаворити, квотата за „кец“ е 1.50, но Пандев е максимално мотивиран да направи изненадување на „Олимпико“, иако коефициентот oд 6.20 за „двојка“ е „непријател“ на Македонецот во овој случај.