Аргентинскиот селектор размислува во последен момент да направи измени во составот за СП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека размислува да го промени списокот со 26-мина играчи за Светското првенство во Катар бидејќи неколку играчи не се 100 отсто подготвени за настап.

„Има играчи кои не се 100 отсто подготвени. Имаме неколку мали проблеми и имаме неколку дена да одлучиме за составот. Искрено, не можам да кажам дека не се 100 отсто подготвени. Но, можеме да направиме измени во составот. Се надевам дека нема да бидам принуден на такво нешто, но добро е да се знае дека имаме таква можност“, рече Скалони.

Фудбалерите на Аргентина вчера во Абу Даби ја победија селекцијата на Обединетите Арапски Емирати со 5:0 на последната проверка пред настапот на Мундијалот во Катар.

На тој натпревар, за Аргентина не настапија четворица играчи, кои би можеле да бидат заменети во последен момент, а тоа се Пауло Дибала (Рома), Николас Гонзалес (Фиорентина), Алехандро Гомес (Севилја) и Кристијан Ромеро (Тотенхем).

Гаучосите веќе пристигнаа во Катар. Тие се дел од групата Ц со Саудиска Арабија, Полска и Мексико. Првиот натпревар на Светското првенство ќе го одиграат на 22 ноември против Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести